Челзи бара од Британската влада веднаш да се поништат „руските мерки“

Актуелниот европски првак Челзи побара од Британската влада веднаш да ги поништи таканаречените „руски мерки“ за клубот што се воведени денеска како мерки против сопственикот Роман Абрамович, а го отежнуваат работењето на шесткратниот англиски првак.

На својата клупска страница Челзи објави соопштение со кои бара да му се дозволи на клубот нормално да функционира.

„Денеска нормално ќе ги одиграме натпреварите против Норвич во Премиер лигата и со Вест хем во женската лига на Англија, а потоа ќе мораме да разговараме за поништување на мерките и лиценцата на Британската влада. Клубот мора да функционира нормално. Се надеваме дека ќе има разбирање за клуб што има огромно реноме во Англија и општо во светот на фудбалот“, стои во реакцијата на Челзи.

Клубот моментно го води фондација на која Роман Абрамович и ги префрли ингеренциите бидејќи неговиот имот во Англија е замрзнат, а не му се дозволува и влез во земјата.

Британската влада со „руските мерки“ денеска го лимитира финанското управување на клубот и не дозволува веќе продажба на билети за мечевите на Челзи.

Клубот може да потроши само 20 илјади фунти за гостувања, што го доведува во ризик и осминафиналниот реванш-меч со Лил на 16 март во Лигата на шампионите.

Платите ќе се исплаќаат нормално, но Челзи не смее да купува играчи, а дозоволено е да потроши 500 илјади фунти за организација на домашните натпревари.

Сите пари што по основ на рати за трансфери ќе пристигнат во клубот ќе бидат веднаш замрзнати, што исто така е проблем за европскиот првак.

Мерките важат до 31 мај, а може да ги поништи, смени и укине само Британската влада.

 

- Оглас -

Најнови вести