20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Челзи без Лукаку, но со инвазија од илјадници фанови во Мадрид

Екипата на Челзи на утрешното гостување кај Реал Мадрид во реванш-дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе биде без напаѓачот Ромелу Лукаку.

Белгиецот има повреда на петата и нема да патува за Мадрид, а не настапи ниту против Саутхемптон викендов. Сезонава Лукаку има 12 гола на 36 меча, па иако е резерва, сепак неговото отсуство е хендикеп за Сините.

Реал го доби првиот меч во Лондон со 3-1, утре ќе има голема поддршка и од трибините, иако и Челзи нема да биде сам.

Мадридската полиција се подготвува за најавената инвазија на англиските фанови во главниот град на Шпанија бидејќи во вторник гостува Челзи, а в среда Манчестер сити, па ќе има голем број Англичани низ Мадрид кои ако бидат алкохолизирани, може да направат инциденти.

- Оглас -

Најнови вести