Иако одлуката не е конечна, Челзи се надева дека ќе добие помилување од ФИФА и ќе може да купува играчи ова лето. Тие веќе поднесоа жалба за трансфер-ембаргото да биде поместено за еден преоден рок, односно забраната за трансфери да стапи на сила од летото 2020 за да можат да доведат адекватни засилувања.
Додека се чека пресудата на ФИФА, Челзи крои планови за да најде идеална замена за Еден Азар, кој речиси сигурно по крајот на оваа сезона ќе биде нов „галактикос“ и ќе го облече дресот на Реал Мадрид. Кралевите веќе најавија атакт по потписот за Белгиецот, сумата е 100 милиони евра, а клубот од Лондон има намера цела заработка да ја потроши на Филипе Кутињо, офанзивецот на Барселона.
Каталонскиот медиум „Мундо депортиво“ најави дека Барселона е подготвена да се ослободи од услугите на Бразилецот, а како прва опција за преселба се истакна Островот. Челзи има намера да го врати миленикот на „црвените“ во Премиер лигата со тоа што ќе ги потроши сите 100 милиони евра од продажбата на Азар.
Сепак, „сините“ имаат и план Б. Доколку Кутињо одбие, тие ќе тргнат по потписот на Николас Пепе, сензацијата на Лил која сезонава блеска во францускиот шампионат. За него би биле доволни и 80 милиони евра, така што Челзи би добиле замена за Азар од клубот од каде што го купија Белгиецот во 2012 година.
Јасно е дека ќе треба да се почека одлуката на ФИФА, а потоа и отворањето на летниот трансфер-пазар за да се случат овие преселби.