9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Челзи демонстрираше моќ во лондонската пресметка

Кристал Палас – Челзи 1-3, Њукасл – Астон Вила 0-2 и Брентфорд – Нотингам форест 0-2 се резултатите од трите средби во англиската Премиер лига кои се играа попладнево од 15 часот.

Сините ја добија лондонската пресметка благодарение на Естевао кој по подолго време (од крајот на ноември наваму) даде гол, а младиот Бразилец имаше и асистенција при голот за 2-0 кој го даде Жоао Педро. Погоди и Енцо Фернандес од пенал, а во финишот Палас додека имаше човек помалку на терен, успеа да го ублажи поразот.

Вила со победата над Чавките, се изедначи по бројот на бодови со Манчестер сити кој е втор на табелата, а имаат четири бодови помалку од Арсенал кој треба да игра со Манчестер јунајтед и може дополнително да се одлепи. Тимот од Бирмингам е најдобар во Премиер лигата според бројот на голови (13) постигнати со шутеви од надвор од 16-никот.

Игор Жезус од Нотингам има дадено 8 голови на гостински терен сезонава, и во оваа статистичка категорија во Премиер лигата само Ерлинг Халанд е подобар од него.

- Оглас -

Најнови вести