22.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Челзи девет меча нема примено гол од денешниот ривал, португалските гиганти не треба да имаат проблем

1092 Мидлсбро – Челзи (21 ч.)

Полуфинале во Лига купот на Англија, а фоворитската улога е кај гостите. Челзи има девет победи во низа во дуелите против Мидлсбро и сигурно ќе се обидат да ја продолжат оваа нивна добра серија. Што е уште поневеројатно, Мидлсбро во овие девет порази нема постигнато ниту еден гол.

Мидлсбро е на 12 место во Чемпионшип, а пред само три дена на свој терен загуби од Астон вила во ФА Купот со 0:1. Сигурно дека за домаќините овој меч е многу позначаен од тој против Астон вила и нема лесно да се предадат.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.81)

 

3040 Фиорентина – Болоња (21 ч.)

Дуел од четвртфиналето во Купот на Италија на две екипи кои имаат одлична сезона во Серија А. Фиорентина моментално е на четвртото место со 33 бодови, а Болоња е веднаш зад Виолетовите со само еден бод помалку.

Болоња сезонава на гости има дури шест нерешени во првенството, а успеа со таа тактика да го елиминира и Интер од Купот, откако одигра 0:0 во 90 минути, а потоа славеше во продолженијата со 2:1.

Традицијата за средбите меѓу Фиорентина и Болоња вели дека на пет од последните шест средби било гол-гол 3+, што значи дека може и сега да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.85)

 

2876 Есторил – Порто (21: 45 ч.)

Делува збунувачки, но Есторил победи на последните два меча против Порто. Токму тие порази треба да се добра лекција за Порто дека не смее да го потцени овој ривал, кој инаку е во долниот дел од табелата во првенството на Португалија.

Есторил игра офанзивен фудбал, сака да напаѓа и тоа може да е најава за интересен меч во ова осминафинале од Купот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1953 Ризеспор – Бешикташ (18 ч.)

Двата тима имаат по 29 освоени бодови по 18 одиграни средби во турскот шампионат. Ризеспор дома игра одлично и има дури шест победи, две нерешени и само еден пораз. Одбраната на Ризеспор е одлична и во овие две дуели пред своите навивачи прими само пет гола (најмалку примени погодоци на свој терен во цела лига).

Бешикташ игра разочарувачки па затоа го смени и тренерот. На клупата на гигантот од Истанбул пред два дена дојде Фернандо Сантош, кој треба да го врати тимот на победнички патеки.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.86)

 

1557 Спортинг Лисабон – Тондела (19:45 ч.)

Нема дилема дека Спортинг секогаш атакува на победа на својот терен во Лисабон, а посебно кога за ривал имаат второлигаш. Спортинг е лидер во првенството, а Тондела е дури на шестото место во втора лига, па моменталната разлика меѓу овие тима е дури 24 позиции.

Спортинг се радуваше на последните пет пресметки со овој ривал и оваа низа треба да продолжи.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести