Челзи доби поддршка од Холивуд: Оскаровецот Меконехи ги мотивираше Сините (видео)

Метју Меконехи, еден од најпознатите американски актери на Холивуд, испрати мотивациска порака до фудбалерите на Челзи во пресрет на вечерашното финале во Лигата на шампионите.

Одликуваниот актер и оскаровец очигледно е фан на Сините од Лондон, околу тоа се пофали и самиот клуб на социјалните мрежи, а пораката на Меконехи гласи:

„Челзи. Со среќа во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити. Америка, МЛС лигата и Остин ФК навиваат за вас. Па, Пулишиќ и вие останатите момци во сино, знаете што треба да направите кога ќе излезете на теренот. Земете го тој трофеј“, порача Меконехи.

- Оглас -

Најнови вести