Челзи, кој ја освои Лигата на шампионите во минатата сезона, летово може да биде прогласен и за европски првак и во заработка од трансфери. Лондонските Сини продадоа играчи во вкупна предност од 200 милиони евра, па не им беше проблем над 100 милиони да потрошат за доведување на едно луксузно засилување како Ромелу Лукаку.
Најмногу пари во касата на Челзи се слеаја од продажбата на Тами Абрахам во Рома. Прилично скапо ги продадоа и Фикајо Томори во Милан и Курт Зума во Вест хем. Ова е листата на сите продадени играчи на Челзи и нивната цена изразена во американски долари.