19.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Челзи е клубот кој дал најмногу пари за купување играчи, во Топ 5 има три англиски екипи и по една од Италија и Шпанија

Актуелниот светски клупски шампион Челзи се најде на врвот на една интересна листа. Според пресметките на релевантниот Трансфермаркт, Челзи е клубот кој во историјата на фудбалот има потрошено најмногу пати за трансфери на играчи.

Челзи стана посебно финансски моќен клуб кога на почетокот на 21 век го купи рускиот тајкун Роман Абрамовиќ. Повеќе од 20 години Абрамович владееше во Челзи и не жалеше пари за клубот кого успеа да го направи англиски, а потоа и европски првак. Челзи сега е и светски клупски првак, а во изминативе две децении ги освојуваше и Лига на нации и Конференциската лига на УЕФА.

Според пресметките, Челзи досега има потрошено 4,18 милијарди евра за купување на играчи и убедливо е на првото место на оваа листа.

Зад Челзи е уште еден англиски клуб, а тоа е Манчестер сити. Граѓаните имаат потрошено 3,23 милијарди евра. Можеби делува изненадувачки, но на третото место на оваа листа е Јувентус со 3,18 милијарди евра дадени за доведување на нови играчи.

Во Топ 5 има место и за Манчестер јунајтед со 3,02 милијарди евра, а петти е Реал Мадрид кој има потрошено 2.90 милијарди евра за доведување на нови фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести