Англискиот премиерлигаш Челзи трето лето по ред троши најмногу пари за доведување на нови играчи. Новите газди Тод Боели и Бехдад Егбали го превземаа клубот од Роман Абрамович, но продолжија со инвестирање во нови играчи.
Челзи во моментов има неверојатни 56 фудбалери кои се со договор обврзани. Само во овој преоден рок на „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа 12 нови фудбалери. Колку некојпат купуваат нерационално покажува и фактот дека лондонскиот тим моментално има осум голмани.
Последно засиливање на Челзи е Нето кој од Вулверхемптон пристигна за сума од 54 милиони фунти. Вкупно во овој летен преоден рок, лондонскиот тим досега потроши дури 243 милиони фунти.
Многу од овие 56 фудбалери кои се под договор со Челзи ќе бидат испратени на позајмица.