Алехандро Гарначо сè уште посакува трансфер во Челзи, тврдат англиските медиуми. Лондонскиот клуб бил прва опција за аргентинското крило уште во јануари, а таа желба останува и во тековниот летен преоден рок.
Челзи размислува да испрати официјална понуда до Манчестер јунајтед подоцна во август. Гарначо, кој има 21 година, го гледа клубот од западен Лондон како приоритет, и покрај интересот од клубови од други европски лиги.
Минатата сезона, Аргентинецот постигна шест голови и запиша две асистенции на 36 натпревари во Премиер лигата. Сепак, на крајот од сезоната влезе во конфликт со менаџерот Рубен Аморим.