19.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Челзи е првиот и единствен светски шампион, ФИФА им ги „одзеде“ титулите на останатите екипи

Откако заврши првото Светско клупско првенство во новиот формат со 32 екипи, светската фудбалска куќа, ФИФА, одлучи да им ги „одземе“ титулите на сите екипи кои го освојуваа ова натпреварување во стариот формат, а се играше од 2000 година.

Така сега Челзи не само што е првиот светски шампион, туку и единствениот бидејќи титулите на Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Барселона, Коринтијанс, Интер, Милан, Манчестер јунајтед, Интернационал и Сао Пауло, но и на Челзи им се одземени.

Тие сега добиваат нов назив „интерконтинентален шампион“, а светски шампион ќе може да се нарекува само екипата која ќе го освои Светското клупско првенство. Интересно, освен што годинава се играше клупскиот Мундијал, ќе се игра и Интерконтиненталниот куп со шампионите на континенталните првенства, а ПСЖ како шампион на Европа ќе игра директно во финалето.

- Оглас -

Најнови вести