Челзи не го сака Сари, но бара пари за да го пушти во Јувентус

Челзи најави дека не планира да го задржи Маурицио Сари, иако во првата сезона на тренерската клупа, италијанскиот стратег го одведе тимот до титула во Лигата на Европа, а и до третото место во Премиер лигата, кое води во Лигата на шампиони за следната сезона. И покрај овие добри резултати, Сари ќе мора да си замине.

Сари веднаш најде нова работа. Јувентус сака да го ангажира. Првично беше дека Челзи нема да прави проблем за заминување на италијанскиот тренер, но сега ситуацијата е поинаква. Англискиот премиерлигаш ќе побара парична компензација во износ од 5,3 милиони фунти за да го пушти Сари во Јувентус.

Ова е ситуација која не ја очекуваше Сари и може да му направи голем проблем околу евентуалниот трансфер во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести