9.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Челзи ги разочара фановите на „Стемфорд бриџ“ за крај на 2025 година

Челзи уште еднаш потврди дека нема квалитет да се бори за титулата во Премиер лигата откако на свој терен одигра само 2:2 против Борнмут во меч од 19-тото коло на англиското првенство. На половина од шампионатот, Челзи има големо, двоцифрено заостанување во однос на лидерот Арсенал, но и второпласираниот Манчестер сити, па јасно е дека премија за овој тим ќе биде ако заврши во Топ 4 до крајот.

Борнмут уште на стартот најави дека е дојден во Лондон да не загуби и преку Брукс поведе со 1:0 во шестата минута. Челзи брзо се врати во игра и со погодоците на Кол Палмер од пенал во 15-тата минута и на Енцо Фернандес во 23-тата минута направи целосен пресврт и поведе со 2:1.

Борнмут не се предаде и со голот на Клајверт стигна до 2:2 во 27-мата минута. Интересно е дека овој резултат не се менуваше во следните малку повеќе од 60 минути игра, па на крајот двата тима освоија по еден бод.

Со 2:2 заврши и дуелот меѓу Вест хем и Брајтон, додека четири погодоци имаше и на мечот меѓу Барнли и Њукасл, но таму гостите славеа со 1:3. На гости се радуваше и Евертон кој со 2:0 го победи Нотингем форест.

- Оглас -

Најнови вести