29.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Челзи го доби англискиот репрезентативец што толку го посакуваше

Бен Чилвел пристигна во Лондон и го стави својот потпис за тимот на Челзи. Фудбалерот кој игра на позиција лев бек доаѓа од тимот на Лестер, а со Челзи потпиша петгодишен договор. Засега не е позната сумата за трансферот, но се проценува дека Челзи ќе плати 55 милиони евра.

Со доаѓањето на Чилвеч, Челзи продолжи со одлични засилувања пред стартот на новата сезона. Дресот на Челзи во новата сезона за првпат ќе го облечат и Харим Зијех и Тимо Вернер, а следни на листата за комплетирање на договорите се искусниот Тијаго Силва и суперталентот Кај Хаверц.

- Оглас -

Најнови вести