15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Челзи го договори и Чави Симонс

Челзи сериозно се активира околу трансферот на холандскиот офанзивец Чави Симонс, кој настапува за Лајпциг. Според информациите на холандскиот медиум „Спортс Зоун“, лондоначи веќе имаат усогласени лични услови со 22-годишниот репрезентативец на Холандија, а преговорите се во напредна фаза.

Во процесот активно учествува и менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, кој го гледа Чави Симонс како клучна алка во својата идна визија за тимот.


Германскиот бундеслигаш бара обесштетување во висина од 80 милиони евра за да се откаже од услугите на младиот креативец.

Во минатата сезона, Чави Симонс остави силен впечаток со 10 погодоци и 8 асистенции на 32 настапи во сите конкуренции за Лајпциг. Неговиот договор со клубот истекува дури во јуни 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести