26.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Челзи го договори и капитенот на Ајакс, ова лето вложи 300 милиони евра

Челзи е на чекор од постигнување договор со Ајакс за трансфер на дефанзивецот Јорел Хато, објави „Атлетик“. Преговорите меѓу клубовите се во завршна фаза, а се очекува во следните часови да биде договорена сума од околу 40 милиони евра.

Челзи веќе ги усогласи личните услови со 19-годишниот фудбалер, кој има 111 настапи за првиот тим на Ајакс и во минатата сезона ја носеше капитенската лента и покрај младата возраст. Хато главно игра како лев бек, но има искуство и на позицијата централен дефанзивец. Зад себе има и шест настапи за репрезентацијата на Холандија.

Овој трансфер ќе ја продолжи серијата на големи вложувања на Челзи летово. Клубот од „Стемфорд бриџ“ досега потроши речиси 250 милиони евра за засилувања како Џејми Бајноу-Гитенс, Жоао Педро, Лијам Делап, Естевaо, Дарио Есуго и Мамаду Сар, а со доаѓањето на Хато вкупната сума ќе се приближи до 300 милиони евра.

Следното засилување треба да биде Чави Симонс од Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести