Челзи минува низ турбулентна сезона во која до самиот крај ќе води битка за место во Лигата на шампионите.
И покрај неодамна објавениот финансиски минус, Сините од Лондон не планираат да запрат со трансферните активности. Напротив, клубот продолжува со стратегијата на ангажирање млади и перспективни фудбалери.
Веќе е извесно дека во летниот преоден рок во Лондон ќе пристигне аргентинскиот играч Валентин Барко. Тој настапува за Стразбур, клуб кој е во сопственост на истите газди како и Челзи, што дополнително го олеснува трансферот.
Барко пристигна во Франција минатото лето од Брајтон за сума од околу 10 милиони евра, а неодамна го забележа и своето деби за репрезентацијата на Аргентина, постигнувајќи гол против Замбија.
Кариерата ја започна во Бока јуниорс, каде што го привлече вниманието на европските клубови.

