22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Челзи го доведе пред шест месеци, а сега го продава тинејџерот кој одигра само 22 минути

Англискиот премиерлигаш Челзи во јануари оваа година се пофали со потпишување на младиот Матис Амугу од Сент Етјен. За играчот од средниот ред беа дадени 15 милиони евра, а Челзи реши да му даде осумгодишен договор. Тоа требаше да биде најава дека 19-годишниот тинејџер треба да биде иднината на Челзи, но не е така.

Сега, само шест месеци по тој договор, Челзи го продава Амугу и тоа во Стразбур. Оваа одлука на Челзи е затоа што Амугу во изминативе шест месеци не успеа да го докаже својот квалитет.

Младиот Французин одигра само 22 минути во дресот на Челзи во сите натпреварувања. Тој го имаше своето деби во Премиер лигата против Саутемптон и одигра седум минути, додека против Легија Варшава доби 15 минути во Конференциската лига. Тоа беа единствените два меча на кои Амугу играше за Челзи и едноставно не задоволи.

Затоа од Челзи решија да го продадат, а според „Л’Екип“, младиот играч од средниот ред потпишал петгодишен договор со францускиот клуб, во кој веднаш ќе биде вклучен во првиот тим и ќе игра важна улога. Челзи вклучи откупна клаузула во договорот, обезбедувајќи го правото да го врати Амугу во иднина по однапред одредена цена. Не беше наведено дали или колку Стразбур ќе му плати на Челзи.

Амугу е играч од средниот ред на француската репрезентација до 19 години. Тој помина низ фудбалската академија на Сент-Етјен и одигра 19 натпревари за првиот тим. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на десет милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести