Челзи го заврши трансферот на младинскиот репрезентативец на Англија, Нони Мадуеке, од ПСВ Ајндховен, а интересно е дека е потпишан договор што важи до 2031 година.
Нони со тоа стана првиот фудбалер на Челзи со договор што е валиден и за идната деценија, а има само 20 години и го сметаат за голема перспектива во лондонскиот клуб.
https://twitter.com/RikElfrink/status/1616428401790799874?s=20&t=L-uKDlYJR3vqv6aNiHhxcw
Мадуеке е младински репрезентативец на Англија, игра за ПСВ Ајндховен од 2018 година и покажа одличен квалитет во редовите на холандскиот гигант, што го привлече вниманието на неколку големи клубови, но најбрз и најконкретен беше Челзи.