Челзи убедливо со 4:0 го победи Саутхемптон и со овие три бода лондонскиот премиерлигаш се зацврсти на четвртото место на табелата во англиското првенство. Саутхемптон по овој пораз остана само со девет освоени бода во 27 меча и овој клуб само чудо може да го спаси да не испадне од елитното англиско друштво.
Во период од 24-тата до 44-тата минута Челзи постигна три гола за убедлива предност. Стрелци на головите беа Нконку, Нето и Колвел. Во второто полувреме погоди и Кукурења за потврда на убедливиот триумф на Челзи.
Ефикасно беше и на останатите три меча кои се играа вечерва во Премиер лигата, па на крајот Брајтон го победи Борнмут со 2:1, Кристал палас со 4:1 славеше над Астон вила, а Фулам на гости со 2:1 беше подобар од Вулверхемптон.