Челзи е на прагот да го договори трансферот на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд. Младата американска ѕвезда ќе биде првата зимска аквизиција на „сините“, а за неговите услуги ќе издвојат 70 милиони фунти.
Како што најавуваат британските медиуми, Челзи има предност пред Ливерпул и Тотенхем во осигурување на потписот на Пулишиќ, кој одбива да потпише нов договор со „милионерите“, а негова цел е да заигра во Премиер лигата. Неговиот постоечки договор истекува во јуни 2020 година, па откако се изјасни дека не планира да остане долго во редовите на Дортмунд, управата одлучи дека е подобро да заработи од неговата продажба, отколку да го изгуби без отштета.
Пулишиќ сезонава настапи на вкупно 12 натпревари во сите конкуренции за Дортмунд, на кои запиша три погодоци и четири асистенции.