Челзи го купи за 12 милиони евра, а сега ќе го врати во Барселона?

Пјер-Емерик Обамејанг само пред осум месеци направи трансфер од Барселона во Челзи за 12 милиони евра, но по лошата сезона на клубот од Лондон, тој е пред враќање во Каталонија.

Барселона на него смета како на поддршка за Левандовски во нападот и тој е најголема желба за следниот преоден рок за раководството на новиот шампион на Шпанија.

Обамејанг во Челзи не доби вистинска шанса и одигра само 13 натпревари, на кои постигна само еден погодок. Претходно во Барселона имаше многу подобра статистика и на 18 натпревари беше стрелец на 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести