Челзи го пречекува ривалот од којшто 13 години дома не примил гол

1004 Челзи – Фулам (16.00 часот)

Челзи има десет бода повеќе и многу поквалитетен состав од Фулам, па тука домашните не би смееле да киксираат, но ова е луто локално лондонско дерби и мотивацијата ќе биде голема и кај гостите. Сините, од кои повеќе голови дал само Тотенхем, се во потера по лидерот Ливерпул, а Фулам има четири нерешени игри во последните пет кола. Последниот гостински пораз на Фулам беше речиси пред три месеци, но овој клуб на последните шест гостувања на „Стемфорд бриџ“ нема постигнато ниту еден гол. Фулам 13 години не дал гол на гости против Челзи. Од 2010 наваму, нивните мечеви на „Стемфорд бриџ“ секогаш се со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.30)

 

1002 Њукасл – Астон вила (16.00 часот)

Чавките имаат две победи по ред, одат по третата во низа, но и тимот од Бирмингам е во форма, доби три од последните четири во Премиер лигата. Вила е шеста на табелата и има само два бода повеќе од осмиот Њукасл, кој би напредувал на табелата ако победи. Астон вила има пет порази на последните шест гостувања во сите натпреварувања. Традицијата на меѓусебните дуели го фаворизира домашниот тим. Вила не победила на „Сент Џејмс парк“ уште од 2005 година.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.04)

 

1003 Нот. форест – Тотенхем (16.00 часот)

Ова е дуел на најефикасниот напад (Тотенхем) и третата најдобра одбрана (Форест) во лигата. Шумарите се пријатно изненадување, моментно се четврти на табелата, со 8 бодови повеќе од Петлите, кои се дури 11-ти. Нотингам има три победи по ред и четири на последните пет меча, додека Тотенхем загуби три од последните четири средби. Тотенхем има само две ремија на 17 меча сезонава. Позитивно за Тотенхем е што победил на последните четири премиерлигашки гостувања во Нотингам.

Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.17)

 

1103 Вулверхемптон – Ман. јунајтед (18.30 часот)

Волците победија во минатото коло, но уште се во зоната на испаѓање. Со 40 примени голови на 17 меча, тие ја имаат најлошата одбрана во лигата. Црвените ѓаволи загубија трипати во последните четири кола (на секој од овие три меча кои ги загубија, примаа барем по два гола) и се наоаѓаат дури на 13-тото место. Ова се тимови кои одамна не одиграле нерешено. Јунајтед славеше на последните четири гостувања кај Вулфс.

Предлог тип: 12 & 3+ (1.99)

 

1104 Ливерпул – Лестер (21.00 часот)

Лестер на претходните два меча загуби со вкупна гол-разлика 0-7 и тоа е најава дека нема да му се случи ништо добро на гостувањето кај најсилниот англиски тим во моментов. Ливерпул ако сака да биде мирен на врвот, мора да победи, сензација би било ако не успее. Во последните девет кола, Ливерпул секогаш дава минимум два гола, а Лестер на седум средби по ред прима барем два гола. Лисиците 24 години не знаат за победа на „Енфилд“.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.66)

- Оглас -

Најнови вести