Челзи го загуби и четвртиот натпревар по ред, столчето на Росениор сериозно се тресе (Видео)

Катастрофалната серија порази на Челзи се искачи на четири, откако „сините“ доживеаја дебакл на гостувањето кај Евертон каде загубија со 3-0.

Избраниците на Лијам Росениор претходно на двапати беа поразени од ПСЖ во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата останаа со празни раце и против Њукасл. Она што е загрижувачки е фактот дека Челзи на овие четири меча примија 12 гола, а постигнаа само два.

За Евертон ова беше најубедливата победа над „сините“ на домашен терен во првенствен меч во последните 40 години.

По поразот од Евертон, Челзи останува на шесттата позиција и пропушти шанса да го мине Ливерпул на табелата. За разлика од нив, „карамелите“ скокнаа три позиција и сега се веднаш позади нив на седмата позиција со 46 поени.

- Оглас -

Најнови вести