Челзи го загуби и трофејот и тројца играчи за реваншот со Баерн (Фото)

Френк Лампард ќе има дополнителни главоболки по поразот од Арсенал во финалето на ФА купот, а покрај загубениот трофеј веројатно го загубии трилингот Пулишиќ, Аспиликуета и Педро за реванш мечот со Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Цезар Аспиликуета беше заменет уште во првото полувреме, а видливо беше дека тешко се движи, па неговиот настап во Минхен на 8. август е неизвесен.

Стрелецот на единствениот гол за Челзи во финалето, Кристијан Пулишиќ исто така доживеа повреда и беше заменет на стартот од вториот дел, а место него влезе Педро.

И Шпанецот се повреди во финишот на мечот, а во прашање е незгодна повреда на рамото, односно повреда на клучната коска.

Педро ќе си замине од Челзи, а вечерва го одигра последниот меч за тимот од Лондон и за жал се повреди.

Баерн го доби првиот меч со 3:0 и е голем фаворит за пласман понатаму во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести