Челзи и Атлетико се интересираат за Луис Енрике

Според англиските медиуми, Луис Енрике и Зинедин Зидан се фаворити за преземање на менаџерското место во Челзи откако Сините ќе се разделат со Греам Потер.

Челзи има катастрофални резултати под раководство на Потер, тимот има само една победа на последните 11 меча и многумина се чудат како газата Тод Боли уште има трпение со Потер и не го брка.

На Челзи му претстојат мечеви со Лидс и Борусија Дортмунд, па оваа недела може да биде клучна за иднината на Потер како тренер на Сините.

Шпанецот Луис Енрике се спомнува и како наследник на Диего Симеоне, кој по оваа сезона веројатно ќе си замине од Атлетико Мадрид, на чија клупа е повеќе од една деценија.

- Оглас -

Најнови вести