По двонеделна пауза, Челзи и Борусија Дортмунд ја обновија комуникацијата околу трансферот на Џејми Биноа-Гитенс во англискиот клуб.
Клубот од „Стамфорд Бриџ“ одамна се обидува да го доведе 20-годишниот крилен играч, но Жолто-црните од Дортмунд веќе одбија две понуди – една од 35 милиони, а друга од 50 милиони евра.
Преговорите сега се одвиваат во САД, каде двата клуба се присутни за учество на Светското клупско првенство.
Џејми Биноа-Гитенс е Англичанец и како дете играше во младинската школа на Челзи, додека Борусија го доведе пред пет сезони од Манчестер сити.
Во последно време се појавија информации дека и Милан покажува интерес за играчот, но од Борусија Дортмунд ги демантираа тие шпекулации.