Челзи и Лил играле двапати и резултатот бил ист, а за хет-трик Sport Life нуди коефициент 10!

Актуелниот европски првак Челзи одбраната на континенталниот трон ќе ја продолжи во првата нокаут-фаза, и тоа против Лил. Според сите прогнози, англискиот тим е голем фаворит за пласман во следната фаза, а Челзи вечерва на својот „Стемфорд бриџ“ ќе се обиде да стекне добра предност пред реваншот на гости.

Челзи и Лил досега играле двапати во Лигата на шампионите, и тоа пред две сезони. Во групната фаза од елитното натпреварување на УЕФА, Челзи двапати се радуваше, и тоа со идентичен резултат од 2:1. Најпрво на гостувањето во Франција, Челзи победи во меч кој на полувремето беше 1:1.

Два месеци подоцна, Челзи на „Стемфорд бриџ“ уште во првото полувреме поведе со 2:0, а Лил даде гол за 2:1 на 10 минути пред крајот.

Во Sport Life има одлична понуда за овој меч, а за оние кои веруваат во традицијата и тоа дека и вечерва средбата ќе заврши со точен резултат 2:1, коефициентот е одличен и изнесува 10.

- Оглас -

Најнови вести