Челзи и Ливерпул подготвуваат голеада

1009 Челзи – Ливерпул (Премиер лига Англија, 17:30 часот)

И двете екипи се соочуваат со неколку отсуства на играчи, но се чини Ливерпул дека ќе има поголем проблем со тоа.

Јирген Клоп нема да може да ги води покрај аут линијата, а позитивни се уште и тројца првотимци, чиј имиња се непознати ама меѓу нив се споменува дека е и голманот Алисон.

Голем „удар“ за гостите ќе биде и отсуството на Енди Робертсон, додека останува да се види дали Ромелу Лукаку ќе стартува на оваа средба, по неодамнешните изјави упатени кон Томас Тујхел и неговиот систем.

Сепак, и двата тима практикуваат напаѓачки фудбал, па возбудувањата и головите ќе ги имаме во изобилие на оваа средба.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.01)

1302 Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано (Ла Лига Шпанија, 16:15 часот)

Атлетико е во очигледна криза бидејќи има четири порази на последните пет средби, додека Рајо и Столе Димитриевски играат навистина одлично.

Но, голем проблем за гостите е тоа што имаат дури 16 отсуства, меѓу кој најголемиот број на случаи се позитивни на Ковид-19, а тука спаѓа и Димитриевски, како и резервниот голман Лука Зидан.

Сето ова наговестува дека Атлетико Мадрид ќе слави лесна и убедлива победа, со цел колку-толку да ја врати самодовербата во своите редови.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.18)

1016 ВБА – Кардиф (Чемпионшип Англија, 15:00 часот)

Домаќинот е еден од најсериозните кандидати за враќање во Премиер лигата, но, во последно време имаат неколку неочекувани киксови.

Сепак, победата не би требала да дојде во прашање на оваа средба бидејќи гостите имаат само 22 освоени бодови од 23 натпревари и се наоѓаат на 20-то место во втората лига на Англија.

Интересно е што гледаме голем број на погодоци во последните пет среби каде што на дури четири од нив, по шест пати се тресела мрежата.

Предлог тип: 4+ (3.25)

1032 Шрузбери – Шефилд Вендздеј (Лига 1 Англија, 16:00 часот)

И двете екипи сонуваат за евентуален пласман во плеј-офот на крајот од сезоната, но, реалноста е малку поинаква.

Шрузбери со 26 бода е на 15-то место и има само шест повеќе од позицијата која што води во понизок ранк. Шефилд, пак, е нешто подобар и со 37, е под број осум.

И двата тима имаат прилично слаби одбрани, и во просек примаат по повеќе од еден гол на натпревар, па такво нешто очекуваме и попладнево.

Предлог тип: ГГ (1.81)

1006 Евертон – Брајтон (Премиер лига Англија, 15:00 часот)

Како и секоја година, очекувањата на Евертон на стартот од сезоната се високи, но, вече по само неколку месеци тие се далеку од врвот, а во овој случај сега треба и да мислат и за опстанокот.

19 бода по 17 натпревари и само 15-тп место во Премиер лигата е резочарувачко за тимот од Ливерпул.

Брајтон изненади многумина со својата игра и се на средина на табелата и барем засега безбедни од борбата за опстанок.

Сепак, домашниот терен и атмосферата на „Гудисон Парк“ ќе го носат Евертон до важни три бода и зголемена самодоверба во продолжението од сезоната.

Предлог тип: 1 (2.70)

- Оглас -

Најнови вести