Челзи и Ливерпул сакаат куп-натпреварувања

1103 Лутон – Челзи (20.15 часот)

Лутон доби чест во осминафиналето на ФА купот на својот стадион да го пречека европскиот првак Челзи и мотивите ќе бидат огромни. Тимот кој во моментов е на шесто место во Чемпионшип и се бори за бараж за влез во Премиер лигата, има серија од 11 меча по ред со 0-3 гола, опасни се дома, но вечерашниот противник е од друго ниво. На гостинските мечеви на Челзи нема многу голови во последно време, а на Сините веројатно уште им е во мислите поразот во финалето на Лига купот. Во јануари минатата година, овие два тима исто така играа еден против друг во ФА купот, тогаш во Лондон победи Челзи со 3-1. Челзи 31 година нема гостувано во Лутон, и тогаш не помина добро, загуби со 0-2.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.12)

 

1671 Клуб Бриж – Гент (20.45 часот)

Ова е реванш од полуфиналето на белгискиот куп. Првиот меч во Гент се играше точно пред еден месец и заврши со победа на Бриж од 1-0. Двата тима се во добар резултатски ритам, Гент нема пораз уште од средината на декември, а последниот пораз на Бриж беше дома, токму од Гент, од 1-2 на 6 февруари. Ако гостите го повторат подвигот, ќе играат финале. Гент ги доби последните две лигашки гостувања кај Бриж, и тоа не треба залетување по „кецот“, кој е поблизок на хартија отколку двојката.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

3032 Фиорентина – Јувентус (21.00 часот)

За Фиорентина и нејзините навивачи нема послатка победа од таа против Јувентус, мотивите ќе бидат до небо. Но, за Виолетовите има два проблеми: како да го запрат Влаховиќ (ако добие шанса да игра), кој првпат гостува во Фиренца по трансферот во Јуве и тоа што на 20 април ќе се игра и реванш во Торино. Тешко дека Фиорентина може да направи резултат за мирен реванш. Јуве има многу повредени играчи, уште и Влаховиќ ако добие одмор, Фиорентина има шанса за прва победа над Старата дама по пет години. Купот е најголема шанса за Јуве да освои некој трофеј сезонава.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.92)

 

1106 Ливерпул – Норвич (21.15 часот)

Во англискиот ФА куп, во оваа осминафинална фаза се игра еден меч, фаворитите немаат право на кикс. Црвените го освоија Лига купот, сега ќе пробаат да го земат и позначајниот, ФА купот. Ако биде комплетен и мотивиран, Ливерпул сигурно ќе го добие овој меч. Ливерпул е во долга победничка серија, а Норвич во последните три кола од Премиер лигата не освои ниту еден бод. Овие екипи се сретнаа на „Енфилд“ и пред две недели, Ливерпул победи со 3-1 (сите голови паднаа во второто полувреме), иако Канаринците поведоа со 1-0.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 1+II (1.63)

 

1359 Валенсија – Атлетик Билбао (21.30 часот)

Валенсија извади 1-1 на првиот меч во Баскија и има добра шанса да се најде во финалето на шпанскиот Кралски куп. Ова се два тима кои периодов примаа по четири гола од Барселона. За Атлетик, Купот е омилено натпреварување, го елиминираа Реал Мадрид. Лилјаците се без Силесен и Гаја, а и во нападот се мачат. Валенсија има пет меча по ред на кои не успева да даде повеќе од еден гол. Последните три дуели на овие тимови завршија со резултат 1-1.

Предлог тип: & 0-3 (1.81)

 

- Оглас -

Најнови вести