4.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Челзи и Ливерпул сакаат враќање на победничките патеки, Арсенал, Барселона и Аталанта се сигурици (Фото)

1001 Челзи – Евертон (16:00)

Челзи три натпревари по ред нема победа во Премиер лигата, но Евертон е одлична можност за враќање на победничките патеки. Разликата помеѓу двете екипи е само еден бод, а „сините“ од Лондон со победа ќе ги задржат шансите за останување при врвот, но и можноста да се вмешаат во трката за трофејот.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.12)

 

1002 Ливерпул – Брајтон (16:00)

Ливерпул и Брајтон имаат по 23 бода во Премиер лигата, но „црвените“ сакаат со триумф пред својата публика да се вратат на победниките патеки, откако одиграа две нерешени против Сандерленд и Лидс. Дали и колку проблемите помеѓу Слот и Салах ќе се одразат на остатокот од екипата, ќе покаже денешниот меч на „Енфилд роуд“.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.35)

 

1004 Арсенал – Вулверхемптон (21:00)

Арсенал со гол во 95-тата минута загуби од Астон вила во минатото премиерлигашко коло, па дуелот против „фенерџијата“ Вулверхемптон е одлична можност за нова победа и задржување на врвот. Гостите имаат само два бода и прашање е само со колкава разлика ќе загубат на гостувањето кај „топчиите“.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.96)

 

1304 Барселона – Осасуна (18:30)

Каталонците по поразот од Реал Мадрид во 10-тото коло на Ла Лига, врзаа шест победи по ред и веќе имаат четири поени предност пред „кралевите“. На домашниот меч против Осасуна јасно е кој е фаворитот, па очекувањата се дека Барселона лесно и убедливо ќе ја продолжи серијата победи и во најлош случај ќе ја задржи предноста од четири бода.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.97)

 

3004 Аталанта – Каљари (20:45)

Аталанта игра сезона под очекуваното во Серија А и е далеку од екипата која беше во самиот врв, но победата над Челзи во Лигата на шампионите им ја дава фаворитската улога и против Каљари во првенството.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.10)

- Оглас -

Најнови вести