8.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Челзи и Манчестер јунајтед го барале Јирген Клоп, но тој глатко ги одбил

Јирген Клоп добил понуди од Манчестер јунајтед и од Челзи да ја преземе тренерската позиција откако го напушти Ливерпул, откри неговиот агент Марк Косике. Германскиот стратег, кој го напушти „Енфилд“ летото 2024 година за да одмори од тренерската кариера, порано јавно изјави дека никогаш нема да води друг англиски клуб.

Речиси по девет години во Ливерпул, каде што освои трофеи во Лигата на шампионите и во Премиер лигата, Клоп реши да се повлече од тренерскиот занает. Сепак, според неговиот агент, интересот за неговите услуги не исчезнал. Освен двата англиски гиганти, Клоп можеше да го наследи и Герет Саутгејт како селектор на англиската репрезентација по неговото заминувањето по ЕВРО 2024.

Во моментов 58-годишниот Клоп ја извршува функцијата глобален фудбалски директор во групацијата Ред Бул и, според Косике, одбил повеќе понуди за враќање на активната тренерска сцена.

„Можеби еден ден ќе почувствува дека сака повторно да ужива во мирисот на соблекувалната. Но, во моментов е многу, многу среќен во својата сегашна улога.“

Агентот детално ги опиша можностите што се појавиле пред Клоп да ја прифати работата во Ред Бул.

„Пред да се приклучи на Ред Бул, Јирген можеше да биде селектор на САД или на Англија. Веројатно и на Германија ако Јулијан Нагелсман веќе не беше таму. Дури и Челзи и Манчестер јунајтед испраќаа понуди, иако Јирген јасно рече дека нема да води друг клуб во Англија. Понудите и понатаму продолжуваат да пристигнуваат.“

Враќањето на Јирген Клоп на „Енфилд“ е закажано за следниот месец, кога ќе предводи тим од Легенди на Ливерпул заедно со Сер Кени Далглиш во натпревар против Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести