Челзи и Манчестер јунајтед направија нешто што не е видено 100 години!

Челзи и Манчестер јунајтед и во својот втор меѓусебен премиерлигашки дуел одиграа 0-0 како и есеноска и ова е првпат од 1921 година наваму овие екипи двапати да одиграат 0-0 во двата лигашки меча во иста сезона. Ремито го оддалечува Манчестер јунајтед од титулата, а и Сините кои се борат за влез во Лигата на шампионите не може да бидат задоволни.

До пред овој меч, Челзи имаше добиено само два од последните десет меча против Јунајтед во сите натпреварувања. Сините на последните четири дуели против Црвените ѓаволи немаат дадено гол.

Манчестер се обиде првпат да врзе четири победи по ред на гостувањата на „Стемфорд бриџ“. Тимот на Оле Гунар Солскјер по ова дерби има само еден пораз во последните 20 кола, а на последните 20 премиерлигашки гостувања по ред не знаат за пораз, што е рекорд во Англија.

За Томас Тухел ова беше деветти меч како тренер на Челзи и не знае за пораз, но под негово водство Челзи нема дадено повеќе од два гола на еден лигашки меч.

Интересно е што ова е првпат во пет дуели помеѓу Тухел и Солскјер (четири им беа пресметки како тренери на ПСЖ и Манчестер ј. во Лигата на шампионите) да не победи тренерот кој имал улога на гостин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести