Челзи и Наполи убедливи, Валенсија му дозволи на Краснодар да се надева

Челзи го направи првиот чекор кон следната фаза од Лигата на Европа откако со убедливи 3-0 славеше над Динамо Киев во првиот дуел од осминафиналето. „Сините“ очекувано ја оправдаа фаворитската улога, а за помирен сон пред возвратниот дуел се погрижија Педро, Вилијан и Хадсон-Одои.

Шпанецот ја отвори средбата во 17-тата минута, додека останатите два погодока домаќините ги постигнаа во второто полувреме. Вилијан постигна вистински „убавец“ во 65-тата минута, а младиот англиски офанзивец ја реши средбата во последната минута од регуларните 90.

Наполи со идентичен резултат (3-0) триумфираше против Ред бул Салцбург, со погодоците на Милик и Руиз, но и автоголот на Онгуне.

Валенсија со двата гола на Родриго оствари победа од 2-1 над Краснодар, а погодокот на Клаесон му овозможи на рускиот тим да се надева на изненадување во возвратниот дуел против „лилјаците“.

- Оглас -

Најнови вести