Фудбалерите на Челзи им се вратија на победите во Премиер лигата, откако победија со минимални 0-1 над Тотенхем. За „сините“ ова е петта победа по ред против градскиот ривал, а трета во низа на теренот на Тотенхем.
Единствениот гол на мечот беше дело на Жоао Педро во 34-тата минута, откако домашната одбрана киксираше, а тоа знаеја да го искористат гостите.

