1114 Челзи – Вест хем (21:00)
Фудбалерите на Челзи како големи фаворити влегуваат во лондонското дерби против Вест хем. Сините се на шестата позиција и со евентуална победа ќе се пробијат до четвртото место, додека Вест хем иако е во вториот дел од табелата, сепак е далеку од борбата за опстанок. Челзи игра во променлива форма по одличниот старт на сезоната, па дуелот против Чеканите е одлична можност за враќање на победничките патеки, со оглед на тоа дека на последните два меѓусебни меча ги победија со 3-0, односно со 5-0.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.71)
1022 Мидлсборо – Сандерленд (21:00)
Најсигурната опција за натпреварите од Чемпионшип дивизијата е да се одигра на голови. Мидлсборо е на седмата позиција со 44 бода, колку што има и шестиот ВБА, што значи дека се води голема битка за влез во плејофот, додека Сандерленд е четвртопласиран со заостанување од шест бода од местата кои носат директен пласман во Премиер лигата. Тоа значи дека и двете екипи нема што да бранат и мора да тргнат по целиот плен, а за да го сторат тоа, потребни се голови.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.97)
1368 Жирона – Лас Палмас (21:00)
Три од последните четири меча на Жирона завршија со идентичен резултат, пораз од 2-1, но и последните три меча на Лас Палмас завршуваа со голови во двете мрежи, па нема зошто да не биде и денес така. Двете екипи имаат одличен просек на голови оваа сезона, а она што е уште попривлечно е квотата за „гол-гол и 3+“.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.30)
3653 Каљари – Лацио (20:45)
Лацио води голема битка со конкуренција за пласман на четвртата позиција и директен влез во групната фаза од Лигата на шампионите. Иако сè уште е рано, сепак бодовите се важни, а тие мора да се освојуваат против екипи како Каљари, која се наоѓа во долниот дел од табелата. Екипата од Рим на последните три меча не успеа да ја сочува својата мрежа чиста, додека Каљари на три од последните четири меча одигра „гол-гол“. Последните два меѓусебни натпревари на овие две екипи завршија во корист на Лацио, кој се радуваше со 2-1 и 3-1.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.19)
1544 Рио Аве – Порто (21:45)
Порто се наоѓа во незавидна ситуација и далеку од титулата во Португалија, со оглед на тоа дека има девет поени помалку од лидерот Спортинг Лисабон. Фудбалерите на Порто на последните четири првенствени натпревари немаат победа, па дуелот против Рио Аве е одлична можност за враќање на победничките патеки и намалување на негативата на шест поени.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.03)