Екипите на Челзи и Вест Хем мораа да играат дури 120 минути против третолигашот Плимут, односно шестолигашот Кидерминстер за да се пласираат во осмина-финалето од ФА Купот.
Актуелниот европски првак, Челзи на Стемфорд Бриџ се мачеше против Плимут и на крајот победи со 2:1, откако резултатот во регуларното време беше 1:1.
Макулај Жилеспи донесе сензационално водство за гостите во осмата минута, додека на 1:1 израмни Цезар Аспиликуета во 41-та минута.
Иако Челзи напаѓаше во вториот дел, не успеа да постигне погодок и средбата отиде во дополнителни 30 минути. Таму, пак, херој беше Маркос Алонсо кој даде гол во 107-та минута.
Но, Плимут имаше шанса да се врати на егал во 117-та минута, откако судијата досуди пенал за нив, но Кепа Аризабалага успеа да го одбрани ударот на Рајан Харди.
Ништо помалку драматично не беше ниту на средбата меѓу шестолигашот Кидерминстер и Вест Хем, каде што гостите беа на работ од елиминација.
Кидерминстер имаше предност се до 91-та минута, а голема радост за домаќините донесе Алекс Пени со гол во 19-та минута.
Работите на егал ги постави Деклан Рајс со гол во судиското продолжение од регуларното време. А интересно е што и вториот гол на Вест Хем дојде во продолжението на дополнителните 30 минути а стрелец беше Џерод Боуен (120+1′).