Челзи има дури 41 играч што може да ги врати од позајмица

Англискиот премиерлигаш Челзи денеска доби забрана од ФИФА за купување на играчи во следните два преодни рока. Оваа казна од Светската фудбалска куќа е поради нелегалното потпишување договори со млади фудбалери. За следното засилување, Челзи може да размислува дури во летниот преоден рок во 2020 година.

Иако оваа казна делува застрашувачка и Челзи нема да може да го освежи составот, добрата страна е тоа што лондончани може да ги вратат играчите кои им се дадени на позајмица во други клубови. Листата на позајмени играчи од Челзи е прилично долга. Дури 41 играч кој е под договор со Челзи, игра како позајмен во друг клуб.

Од оние кои би можеле да бидат вратени на „Стемфорд бриџ“ се: Мората од Атлетико Мадрид, Бакајоко (Милан), Батсуани (Кристал палас), Пулишиќ (Борусија Дортмунд), Зума (Евертон), Кенеди (Њукасл)… Само од овие неколку спомнати фудбалери може да се направи тим кој би бил конкурентен во Премиер лигата, што значи дека Челзи многу лесно може да ја преброди забраната која денеска ја доби од ФИФА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести