Челзи има очаен напад, ќе прифати се за да го добие на позајмица најскапиот фудбалер од 2019 година

Челзи е во голема криза и има очаен напад, па бара чаре како да го санира големиот проблем што неочекувано им се појави во офанзивниот дел.

Пред стартот на сезоната никој не очекуваше тимот што ги има Хаверц, Обамејанг, Стерлинг, Зијеш, Пулишиќ… да има проблеми со нападот, но повредите донесоа многу маки за Сините, кои постигнаа само 20 гола на 17 меча што е меѓу послабите ефекти во Премиер лигата.

Чаре се гледа во позајмица на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, а Челзи нуди одлични услови за Португалецот да игра за нив како позајмен играч до крајот на сезоната.

Тоа би значело дека англискиот гигант би платил 11 милиони евра за да го доведе и регистрира Феликс, а прифаќа и да му ја плаќа комплетно месечната плата што ја прима во Атлетико Мадрид до крајот на сезоната.

Феликс има околу 280 илјади евра неделна плата, или над еден милион евра месечни примања.

Португалецот во летниот преоден рок во 2019 година на 19-годишна возраст имаше рекорден трансфер за тој период од 126 милиони евра што Атлетико Мадрид и ги плати на Бенфика.

Со таа сума трансферот на Феликс е во Топ-5 најскапи на сите времиња.

 

 

- Оглас -

Најнови вести