Челзи има шанса да им се врати на победите, Барселона сака одмазда против Атлетико (Фото)

1158 Челзи – Саутхемптон (21:15)

Фенерџијата Саутхемптон е одлична можност за Челзи да ѝ стави крај на серијата порази. Сините се во серија од три порази по ред и веќе паднаа на седмата позиција на табелата, додека Саутхемптон убедливо е последен и веќе може да се подготвува за настапот во Чемпионшип дивизијата следната сезона. Последниот меѓусебен дуел на овие две екипи заврши во корист на Челзи со 5-1.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.85)

 

1001 Кристал палас – Астон вила (20:30)

Од екипите на Кристал палас и Астон вила се очекуваат голови. Последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваа најмалку со по три гола, а голови имаше и на последните натпревари кои ги одиграа. Кристал палас игра најмалку со два гола на последните седум меча, додека иста серија има и Астон вила.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.01)

 

1323 Барселона – Атлетико Мадрид (21:30)

Серијата од пет победи по ред против Атлетико Мадрид за Каталонците заврши на нивниот последен меѓусебен дуел, оној првенствениот во декември, кога Јорганџиите славеа со 1-2 во Барселона. Сега избраниците на Ханси Флик имаат шанса за одмазда, но и да ја продолжат серијата од пет победи по ред, но и 13 меча без пораз.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.74)

 

3031 Интер – Лацио (21:00)

Дуелот помеѓу Интер и Лацио ќе го даде третиот патник во полуфиналето од Италијанскиот куп. Нема реванш, па и двете екипи нема што да бранат. Интер ја напаѓа двојната круна, додека Купот за Лацио е единствената шанса за трофеј оваа сезона.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.35)

 

1898 Арминија Билефелд  – Вердер Бремен (20:45)

Арминија Билефелд или Вердер Бремен ќе играат во полуфиналето од Купот на Германија, што ќе биде голем успех кој и да мине понатаму. Домашните имаат победи од 3-0 и 2-1 на последните два меча, додека Вердер загуби 5-0, 3-1 и 3-0 на последните три дуели.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.12)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести