14.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Челзи испиша историја во Лига на шампиони, ниту еден тим претходно не направил вакво нешто

Челзи го декласира Ајакс со 5:1 во меч од третото коло во главата фаза од Лига на шампиони. Лондончани на свој терен им приредија одлична вечер на своите навивачи, постигнувајќи дури пет гола во мрежата на некогашниот четирикратен европски првак.

Ајакс едноставно не можеше да парира на домаќините, а дополнителен проблем за тимот од Амстердам беше и фактот дека од 15-тата минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Кенет Тејлор.

Во една таква ситуација, Челзи успеа да испише историја во Лига на шампиони, станувајќи првиот тим во чии редови тројца играчи помлади од 20 години постигнуваат гол на еден натпревар.

Марк Гију кој има 19 години го отвори резултатот и погоди за 1:0, потоа 18-годишниот Естевано погоди пенал во финишот на првиот дел кога резултатот беше 4:1. Во второто полувреме стрелец на погодок беше и Тајрик Џорџ кој има само 19 години, а со неговиот погодок Челзи стигна до конечните 5:1.

На овој меч заигра и Реџи Волш кој има само 17 години и тој е најмладиот фудбалер во клупската историја на Челзи што играл на меч од Лига на шампиони. По три кола, Челзи има освоено шест бодови и се наоѓа на 11 место на табелата.

Ова коло во ЛШ беше историско и за англиските екипи, затоа што тие успеаа да постигнат дури 19 погодоци. НИкогаш претходно немало толку голови во едно коло од клубови во една земја. Челзи и Ливерпул постигнаа по пет гола, Арсенал даде четири, Њукасл три, Манчестер сити погодуваше два пати, а единствено Тотенхем не се израдува на погодок во ова коло.

- Оглас -

Најнови вести