Бурак Јилмаз и Кристијан Пулишиќ постигнаа по еден гол на мечот меѓу Лил и Челзи и по првото полувреме останува предноста на европскиот првак од 2:0 од првиот меч во Лондон во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Турскиот репрезентативец погоди од пенал во 38-мата минута, а Пулишиќ израмни буквално во последниот напад на Челзи во првиот дел.
Во Торино на дуелот меѓу Јувентус и Вилјареал мрежите мируваа и резултатот е 0:0 по првиот дел.
Ваквото сценарио му одговара само на Челзи, екипа што го победи Лил во Лондон со 2:0, па ја задржа предноста од два гола пред стартот на последните 45 минути од двомечот за четвртфинале.
Јувентус и Вилјареал во Шпанија одиграа нерешено 1:1 и ако нема гол на реваншот, ќе играат продолженија бидејќи од овој циклус во Лигата на шампионите не важи правилото за повеќе постигнати голови на гости при вкупен израмнет резултат.
Во четвртфиналето веќе се пласираа Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн, Атлетико Мадрид, Бенфика и Ливерпул.