9.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Челзи ја прегази Барселона, Манчестер сити поразен пред својата публика (Видео)

Фудбалерите на Челзи забележаа и повеќе од убедлива победа над Барселона, откако пред својата публика славеа со 3-0. Триумфот на „сините“ можеше да биде и поубедлив, но ВАР поништи три гола за Челзи, од кои два на Енцо Фернандес во првото полувреме.

Головите за Челзи беа дело на Естевао и Делап, додека Кунде си постигна автогол во првото полувреме. Во 44-тата минута Барселона остана со играч помалку на теренот, откако Араухо беше исклучен.

Манчестер сити доживеа неочекуван пораз на домашен терен со 0-2 од Баер Леверкузен, додека Наполи со истиот резултат победи пред своите гледачи против Карабаг. Елиф Елмас во игра влезе во 75-тата минута на местото на Ноа Ланг.

Јувентус многу потешко од очекуваното победи на гостувањето кај Бодо/Глимт. Норвешаните имаа водство од 1-0 на полувреме, а „старата дама“ направи пресврт преку Опенда и Меккени. Фет во 87-мата минута од пенал израмни на 2-2, но Џонатан Дејвид во 91-вата минута ги постави конечните 2-3.

Резултати: 

Ајакс – Бенфика 0-2
Галатасарај – Ројал Унион 0-1
Бодо/Глимт – Јувентус 2-3
Челзи – Барселона 3-0
Борусија Дортмунд – Виљареал 4-0
Манчестер сити – Баер Леверкузен 0-2
Марсеј – Њукасл 2-1
Наполи – Карабаг 2-0
Славија Прага – Атлетик Билбао 0-0

- Оглас -

Најнови вести