31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Челзи ја пресече на пола предноста на Реал, Баерн не може да му даде гол на Вилјареал (Видео)

Челзи со голот на Мејсон Маунт во 15-тата минута води против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

По првото полувреме на култниот стадион во Мадрид е 0:1, а Челзи успеа да ја преполови предноста на Реал од два гола по победата на Кралскиот клуб во Лондон од 3:1.

Баерн и покрај иницијативата на „Алијанц арената“ во Минхен, не успеа да ја затресе мрежата на Вилјареал во првото полувреме и резултатот е 0:0, па останува предноста од еден гол на Шпанците, кои победија на свој терен со 1:0.

Во Лигата на шампионите веќе не важи правилото за гол повеќе на гости при израмнет вкупен скор на двата меча, па можно е да има и продолженија ако Челзи победи со два гола разлика, а Баерн со еден гол-разлика.

- Оглас -

Најнови вести