Челзи ја прифати понудата, Конор Галагер прави трансфер во Атлетико Мадрид

Конор Галагер ќе ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид. Ова изгледа речиси сигурно, откако Челзи ја прифатил понудата на шпанскиот клуб за играчот од средниот ред, која изнесува околу 40 милиони евра.


Англиските медиуми денес откриваат дека всушност лондончани сакале да го задржат својот играч и двапати во текот на ова лето му понудиле нов договор на две, плус една година. Освен тоа, од „Стемфорд бриџ“ биле подготвени да го направат Галагер еден од најплатените играчи во средниот ред.


Сепак, сето ова не го убедило да потпише нов договор.

Сега раководството на „сините“ го очекува решението на 24-годишниот англиски репрезентативец, кој треба да одговори дали сака да прејде во Атлетико Мадрид, откако Челзи веќе ја прифатил понудата. Според „Скај Спортс“, Галагер има интерес да игра за гигантот од Мадрид и најверојатно тоа ќе се случи.

- Оглас -

Најнови вести