Челзи, Јувентус, Атлетик Билбао и Порто имаат неверојатни серии против денешните ривали

1010 Кристал палас – Челзи (21 ч.)

Две екипи кои имаат многу лоши одбрани и во просек примаат речиси по два гола на меч. Челзи ја има најлошата сезона во последните 20-тина години, но гостите овојпат на своја страна како адут ја има традицијата.

Челзи има неверојатни 13 победи по ред во дуелите со Кристал палас, а ќе биде вистински предизвик оваа низа да продолжи.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.82)

 

3736 Јувентус – Удинезе (20:45 ч.)

Со пораз и реми во последните две кола, Јувентус полека ја губи трката за титулата со Интер. Старата дама сега дома игра против Удинезе, тим кој е мајстор за нерешени (13 ремија во 23 кола).

Традицијата вели дека гигантот од Торино има 12 победи во последните 14 средби со Удинезе и едноставно трите бода треба да останат кај домаќинот.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

1470 Алмерија – Атлетик Билбао (21 ч.)

Алмерија е единствениот тим кој нема ниту една победа сезонава во Топ 5 лигите. Со 51 примен гол таа убедливо ја има најслабата одбрана во Примера во Шпанија. Атлетик Билбао е во трка за четвртото место, кое води во Лигата на шампионите, и гостите сигурно ќе атакуваат на трите бода.

И тука традицијата вели дека има доминација затоа што Атлетик има 10 победи и само едно реми во последните 11 средби против Алмерија.

Предлог тип: 2&0-3 (2.60)

 

1720 Сен Етјен – Троа (20:45 ч.)

Некогашниот француски гигант, Сент Етјен, сега мака мачи да дојде во позиција која може да им даде шанса да се борат за враќање во првата лига. Сент Етјен ја има најдобрата одбрана во лигата, но и е еден од најслабите напади, што значи дека не треба да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.45)

 

1543 Арoука – Порто (21:15 ч.)

Порто има седум победи и едно реми во последните осум дуели со овој ривал, но факт е дека Ароука влезе во добра форма и победи на последните три меча, што дава дополнителна самодоверба пред дуелот со португалскиот гигант.

Притисокот е врз Порто затоа што гостите мора да атакуваат на трите бода ако сакаат да останат конкурентни за титулата, каде што во пол-позиција е Бенфика, а Спортинг е втор.

Предлог тип: 2& 1+I&1+II (2.35)

- Оглас -

Најнови вести