15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Челзи ќе активира „бомба“ пред крајот на преодниот рок и ќе донесе суперѕвезда

Англиските клубови веќе со години се најголеми трошаџии во преодните рокови, па така е и овојпат. Премиерлигашите потрошија убедливо најмногу пари за доведување нови играчи, но очигледно дека пред самиот крај на преодниот рок може да се случи сензационален трансфер.

Повеќе медиуми најавуваат дека Челзи тргнал во мисија да го доведе Нејмар од Пари Сен Жермен. Бразилецот не е во најдобри односи со Килијан Мбапе, кој го доби приматот да биде „газда“ во екипата, па можно е Нејмар да си најде нов клуб.

Челзи е економски моќен и има финансии да го доведе Нејмар на „Стемфорд бриџ“. Преодниот рок во Англија завршува на 1 септември, што значи дека е краток периодот во кој лондонскиот тим ќе се обиде да направи сензационален трансфер.

Може да се случи Нејмар во Челзи да дојде и како позајмен играч, а потоа да биде откупен неговиот договор.

- Оглас -

Најнови вести