Челзи ќе биде првак на Премиер лигата следната сезона?

Денеска беше објавен распоредот за новата сезона во Премиер лигата, дерби во првото коло на 16/17 август ќе биде Манчестер јунајтед – Арсенал, а причина за задоволство од ждрепката имаат во Челзи.

Ако за Манчестер јунајтед може да се каже дека ќе има пеколен старт со три дербија во првите пет кола, Ѓаволите во август и септемврри треба да играат со Арсенал, Сити и Челзи, тогаш суеверните треба да се обложат на титула на Сините од Лондон.

Челзи последните две титули во англиското првенство ги освои во 2015 и 2017 година, а во тие две сезони во последно коло играше со Сандерленд. Судбината им го донесе Сандерленд како ривал за последно коло и во претстојната сезона, па ова може да биде мотив плус и да им ја зголеми самодовербата дека може да бидат шампиони, исто во претходните две сезони, кога на крајот играа против Сандерленд.

- Оглас -

Најнови вести