Челзи ќе биде уверлив против Брајтон

1127 Челзи – Брајтон (Премиер лига, Англија, 20:30 часот)

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите полека ја пребродува кризата во која западна.

Челзи имаше неколку киксови, но тие дојдоа поради големиот број повредени играчи, како и позитивни на ковид-19. Тимот полека се комплетира, иако ќе фалат Тијаго Силва и Бен Чилвел, за кого е завршена сезоната.

Ромелу Лукаку ќе го видиме во стартната постава, а за очекување е дека ќе настапат и Н’голо Канте и Кај Хаверц.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.15)

 

1541 Спортинг Лисабон – Портимоненсе (Примиера лига, Португалија, 22:00 часот)

Спортинг, Порто и Бенфика водат нова голема битка за титулата во Португалија и секоја победа над останатите екипи навистина ќе биде значајна.

Така тимот од Лисабон, кој е и актуелен првак, ќе се обиде без поголема мака да дојде до победата и 44-тиот бод во сезоната, со што повторно би се искачил на првото место.

На последните пет официјални натпревари кога Спортинг бил домаќин, бодовите секогаш ги осовјувал, па се надеваме дека така ќе биде и вечерва.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.00)

 

1016 Блекбурн – Барнсли (Чемпионшип, Англија, 20:45 часот)

Во втората по квалитет лига во Англија, пак, во овој период работите исто така стануваат доста интересни.

Се чини дека згуснатиот распоред најмногу му одговара на Блекбурн, кој на последните седум средби има шест порази и само еден нерешен исход.

Сето тоа му помогна да се „лансира“ до третото место, и со победа да дојде уште поблиску до самиот врв.

Од друга страна, Барнсли игра навистина лошо и е на претпоследната позиција, а главната цел на тимот очигледно е дека ќе биде борбата за опстанок.

Предлог тип: Т12+ (1.70)

 

5280 Ал-Шамал – Ал-Рајан (Старс лига, Катар, 14:10 часот)

Натпреварите од катарската лига се далеку од квалитетни, но речиси секогаш носат голем број погодоци.

Во Катар играат неколку некогашни големи ѕвезди, а токму во Ал-Рајан се наоѓа Хамес Родригес, кој летово пристигна од Евертон, додека негов тренер е Лоран Блан.

Овие екипи се сретнале двапати во оваа година, а во просек сме гледале по повеќе од четири гола.

Предлог тип: 4+ (2.35)

 

1128 Брентфорд – Манчестер сити (Премиер лига, Англија, 21:15 часот)

И не треба да се биде којзнае каков филозоф за да се открие кој е фаворит на оваа средба.

Манчестер сити на Пеп Гвардиола во последно време едноставно гази сè пред себе и редовно ги полни мрежите на противниците.

Но, Брентфорд знае како да одигра против големите екипи на свој терен, а доказ за тоа се средбите против Ливерпул и Арсенал, каде што освои четири бода и постигна дури пет погодоци.

Вечерва за да излезе добитен нашиот предлог, најверојатно ќе биде потребен да постигне само еден гол во мрежата на Манчестер сити, кој исто така треба да го заврши својот дел од работата.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.50)

- Оглас -

Најнови вести