Челзи ќе мора да дозволи Азар да замине во Реал Мадрид

Челзи е подготвен да го пушти Еден Азар во Реал Мадрид, и тоа на крајот од оваа сезона. Според пишувањата на британскиот „Телеграф“, лондонскиот премиерлигаш ќе се согласи на трансфер и тој ќе вреди 112 милиони евра. Самиот Азар веќе подолго време јавно кажува дека негова желба е да заигра во дресот на Реал Мадрид, но засега од Челзи не ни размислуваа да го продадат својот најдобар играч.

Сепак, по завршувањето на сезоната, на Азар ќе му остане да одработи уште една година од договорот со тимот од „Стемфорд бриџ“. Тоа значи дека во јануари следната година Белгиецот ќе може да си договори трансфер во кој било клуб и тоа да биде направено без оштета. Затоа, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, ќе се согласи да го продаде, но по завршувањето на тековното првенство.

Трансфер од Челзи во Реал Мадрид летоска направи голманот Тибо Куртоа, а тогаш Абрамович реши да го пушти чуварот на мрежата токму поради истите работи заради кои и сега ќе се согласи да си замине Азар.

- Оглас -

Најнови вести